Берлускони добитен во миланскиот суд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После пет години од обвинението за даночна измама, судот во Милано пресуди дека Силвио Берлускони повторно може да се кандидира за функција, пренесува Радио Слободна Европа.

Миланскиот дневен весник “Кориере дела сера” објави дека Трибуналот одлучил позитивно по барање на адвокатите на 81-годишниот поранешен премиер. Пресудата на Берлускони за 2013 година, која произлегува од работењето во бизнис империјата на медиумскиот магнат, го остави без можности неколку години да се кандидира или да одржи јавна функција и го принуди даго предаде своето место во Сенатот.

Италијанската новинска агенција АНСА го цитираше главниот обвинител на Милан, Роберто Алфонсо, според кој обвинителите ќе одлучат дали да поднесат жалба на одлуката на Трибуналот. Берлускони имаше можност да ја издржи својата затворска казна со вршење на јавна служба, и тој го стори тоа, помагајќи им на жителите во установи за пациенти со Алцхајмерова болест.