Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Поранешниот албански премиер и претседател Саљи Бериша ја обвини албанската влада дека директно го контролира шверцот на дрога во Албанија и кажа дека „над девет милијарди евра дрога се скриени во албански тунели“.
Во интервју за телевизијата Њуз 24 Бериша ја обвини албанската власт, предводена од премиерот Еди Рама, дека директно е вмешана и дека ги контролира производството и шверцот на марихуана во Албанија.
„Премиерот Еди Рама е директно вмешан во производството, а сега и во собирањето на дрогата… Тврдат дека дрога вредна над девет милијарди евра е скриена во тунели во Албанија“, кажа Бериша.
Тој додаде и дека обвиненијата против поранешниот министер за внатрешни работи Ајмир Тахири се точни, бидејќи, како што кажа, Тахири „имал своја улога во бандата на семејството Хабнилај, кое обавуваше голем шверц на дрога од Албанија до Италија“, за што има и аргументи.
Според него, „има аргументи и дека братот на сегашниот министер за внатрешни работи Фатмир Џафај е дел од големиот шверц на албанска дрога во странство“.