Бензините поскапуваат од полноќ – еве ги новите цени


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бензинот поскапува за половина денар од ноќеска на полноќ, додека дизел-горивото останува со непромената цена, одлучи Регулаторна комисија за енергетика.

Во согласност со одлуката на комисијата, еден литар еуросупер БС-95 ќе се продава за 67 денари, а еуросупер БС-98 за 69 денари за литар.

Цената на еуродизел останува непроменета, односно 53,5 денари.

Од РКЕ велат дека зголемувањето на цените се должи на повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар за 1,6 отсто.