Бензема со неверојатно достигнување ги предизвика сите останати (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ѕвездата на Реал Мадрид, Карим Бензема преку својот Твитер профил испрати предизвик до сите останати фудбалери.

Имено, Французинот за само 11,11 секунди дури пет пати со шутеви од далечина ја погоди пречката.

„Пет пречки за 11,11 секунди. Мислите ли дека можете да ме победите?“, напиша голгетерот на Твитер.

Останува да видеме дали некој ќе одговори на предизвикот и дали ќе го подобри неговиот рекорд.