Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Една недела откако беа видени на балконот во нејзината вила во Мајами, пристигнаа свежи фотографии од заедничко излегување на Бен Афлек и Џенифер Лопез во ресторан во Лос Анџелес.
Повеќе извори потврдиле дека парот вечерал со уште две лица, вклучувајќи го и нејзиниот музички менаџер Бени Медина.
Фотографиите пред зградата каде се наоѓа ресторанот се полни со нежност: тие се држат за раце, а Џенифер ја потпре главата на рамото на Бен.
Минатата недела, за време на посетата на Бен во Мајами, парот отиде заедно во теретана за да вежбаат. Тие се држеа за раце, се прегрнуваа и се бакнуваа. Не се обидуваа да го сокријат фактот дека повторно се заедно.
Според извори блиски до парот, Џенифер и Бен решиле да се обидат да успее нивната врска на далечина. Имено, Бен живее во Лос Анџелес, а Џенифер во Мајами.
Да потсетиме, Бен и Џеј Ло веќе беа во врска во 2002 година, а на крајот на истата година тие се верија. Требало да се венчаат во септември 2004 година, но ја одложија церемонијата и официјално се разделија во јануари 2004 година.