Бени Шакири во конкуренција за директор на МКЦ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако низ музичката и целокупна јавност овие денови се рашири шпекулацијата дека музичарот Бени Шакири се пријавил на конкурсот за директор на Младинскиот културен центар, на прашање на Независен весник, Бени ја потврди таа информација.

„Она што можам да го кажам засега е дека аплицирав. Дали ќе ме изберат или не, тоа ќе го кажат службите кои се надлежни за тоа. Не сакам да се занимавам со шпекулации, јас работам благородна работа, не сакам да се занимавам со „ти реков, ми рече“ работи. Конкурсот сè уште е отворен и секој што ги исполнува условите може да се пријави. Можеби ќе се пријават 100 луѓе“, изјавил Шакири за „Независен“..

Музичарот категорично ги отфрли дополнителните шпекулации дека СДСМ како владејачка партија се обидува да го намести него како директор на МКЦ според распишаниот конкурс.

„Немам ниту партиска книшка. И да не бидам избран, јас немам намера да ниту да се жалам ниту да кревам врева околу тоа. Јас сум музичар и јавноста добро ме познава, од фелата сум, не аплицирам за директор на гинекологија“, коментира Шакири.