Бенефициите од секојдневното вежбање: Еве што значат 30 минути тренинг за вашето тело


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Редовното спортување и вежбање воопшто не е тешко како што мислите на почеток. Тешко е да се донесе одлука и да се влезе во теретана, фитнес сала, да се излезе на трчање, или едноставно да легнете на подот од вашиот дом и да вежбате во домашна атмосфера, но откако ќе ја поминете првата недела на редовни тренинзи, веднаш ќе се почувствувате многу подобро.

Зошто е тоа така? Што му прави вежбањето на нашето тело и организам што ние се чувствуваме толку добро?

За време на вежбањето:

Метаболизмот работи забрзано
Подобрен е крвотокот
Нивото на кислород се зголемува од 8 литри (за време на одмарање) до 100 литри во минута
Подобрениот крвоток им овозможува на клетките да примаат повеќе кислород и хранливи материи од крвта

4-10-vezbanje-korist1

По тренингот:

Телото почнува да ги прима протеините и јаглехидратите четири пати побрзо, што значи дека побрзо се намалува телесната тежина
Мозокот почнува да ослободува повеќе ендорфин со што се подобрува расположението

Неколку часови по вежбањето:

Имате поголема самодоверба и се зголемува самопочитта
Се нормализира крвниот притисок
Спиете подобро и квалитетот на сонот е подобар

4-10-vezbanje-korist2

По неколку недели редовно тренирање:

Работата на белите дробови се подобрува
Срцето и крвните садови работат подобро
Се подобрува нивото на хемоглобин во крвта, односно бројот на црвени крвни клетки по кубен милиметар во крвта се зголемува од 5 милиони на 6 милиони
Имунолошкиот систем е појак, со тоа што нивото на лимфоцити во крвта се зголемува
Телото го регулира нивото на шеќер и други супстанци во крвта
Телото апсорбира помалку масти

4-10-vezbanje-korist3

По неколку месеци редовно вежбање:

Не реагирате толку стресно и помали се шансите да подлегнете на депресија и на чести промени во расположението
Кислородот се префрла во мускулите подобро
Подобрената координација во движењата ви помага да се зацврсти нервниот систем. Брзината на нервниот импулс е забрзана, со што се подобрува и мозочната активност и донесуваме одлуки многу побрзо
Се зајакнува мускулно-скелетниот систем на телото, што значи дека имаме појаки мускули и посилни коски

По неколку години редовен тренинг:

Се чувствувате и изгледате помладо