Бен Афлек повторно виден во друштво на 24 години помладата Плејбој „зајачица“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Познатиот холивудски актер Бен Афлек повторно е виден во друштво на Плејбој моделот Шауна Секстон, во еден ресторан за брза храна во Санта Моника.

Средбата меѓу Афлек и Секстон се случила неколку часа откако девојката на бен, 38-годишната Линдзи Шукус, инаку продуцентка на шоуто „Saturday Night Live“, го вратила неговиот Bentley во гаражата.

Алек прв пат беше виден со плавушата во четвртокот вечерта, на вечера во Малибу, а според People, Шукус набрзо после тоа го избришала својот Инстаграм профил. Не присуствувала ниту на неговата роденденска забава во средата вечерта.

Во едно од интервјуата кои ги даде за Плејбој, Секстон која од престижното списание за мажи беше прогласена за Мис на месец мај, вели дека трага „силна глава на рамена“.

„Барам некој кој е способен за компромис, но не да се продава. Ги ценам луѓето кои се брутално искрени за себе“, вели таа.

Она што е уште поинтригирачко, е дека Афлек и Линдзи во јавност не се видени заедно уште од јули. Според Е! Линдзи му кажала на Афлек дека не може да се пресели во Лос Анџелес како што планирале. Тие се во врска од минатото лето.