Белучи во врска со Тим Бартон


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Славната италијанска актерка Моника Белучи е во врска со филмскиот продуцент Тим ​​Бартон.

Новопечениот филмски пар ја започнал врска пред четири месеци и се обиделе да ја сокријат од јавноста. Сепак, парот не успеал долго да ја чува својата тајна бидејќи некои извори ги разоткриле за британскиот „Дејли мејл“, тврдејќи дека се започнало во октомври минатата година.

Имено, тогаш 58-годишната Моника на 64-годишниот Бартон му ја врачила наградата за животно дело „Lumiere“. Потоа, тие продолжиле да се гледаат и биле забележани на емитувањето на „Тишина документарен филм“, филмски класик режиран во 1895 година од познатиот Французин Луис Лумиер.

Моника Белучи и Тим Бартон за првпат се сретнале во 2006 година додека присуствуваа на доделувањето филмските награди во Кан, но се зближиле дури 16 години подоцна, на престижниот настан одржан во Лион.

Италијанската убавица последен пат беше во врска со уметникот Николас Лефевр, со кој раскина во 2019 година, а од 1997 до 2013 година беше во брак со актерот Винсент Касел, со кој има две ќерки, 18-годишната Дева и 12- годишната Леони.

„Се потпирам на својот инстинкт и, на она што го чувствувам во сегашниот момент. Нема разумност, само емоции. Или сакаш или не“, рекла Белучи во 2011 година кога ја прашале каков е нејзиниот став кон љубовните врски.

Од друга страна, Тим Бартон беше во брак со Хелена Бонам Картер, актерката која ја играше принцезата Маргарет во „Круната“, од 2001 до 2014 година, со која ги има 20-годишниот син Били и 16-годишната ќерка Нел.