Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
57-годишната актерка Моника Белучи на неодамнешниот филмски фестивал во Венеција се појави во црни панталони и „проѕирна“ шарена кошула од брендот „Долче и Габана“. Се чини дека таа секогаш изгледа провокативно, ако не поради облеката, тогаш поради деталите што ги носи.
Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините обувки.
Ѕвездата на филмот „Малена“ носеше сандали на Кристијан Лобутин со потпетица од 15 сантиметри и ремчиња околу зглобот. Сепак, италијанската актерка позирајќи пред фотографите и новинарите покажа дека софистицираноста и женственоста се пред сè.
Моника на премиерата на новиот филм, истите сандали ги искомбинира со црна вечерна тоалета од брендот „Долче и Габана“, па се чини дека на актерката не ѝ е проблем да се појави во нешто веќе видено.
Новиот филм на Моника Белучи е апокалиптична драма на Паоло Вирзи каде таа толкува улога на личност чијшто живот станува комплициран поради недостигот на вода, а причината за тоа е што во Рим не врнело веќе 3 г.