Белоруските браќа-монструми осудени на смртна казна за убиство на бившата наставничка


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


19-годишниот Станислав Костјук и неговиот 21-годишен брат Илија, од Белорусија, се осудени на смртна казна заради бруталното убиство на нивната бивша учителка.

Станислав и Илија треба да бидат егзекутирани со куршум во задниот дел на главата по пресудата на смртната казна во Белорусија, последната земја во Европа која го нема укинато овој вид на казна, пренесува Mirror.

Последната надеж на двајцата убијци да останат живи е тие да бидат помилувани од претседателот Александар Лукашенко, но тој веќе јавно ги карактеризира како „ѓубриња“.

Браќата се прогласени за виновни за убиството на 47-годишната Наталија Кострит, која стотина пати била прободена со нож, а потоа запалена во нејзината куќа. Деталите за злосторството што ја потресе Белорусија беа претставени на суд.

„Тие ја боделе и ја сечеле цела ноќ. Буквално ја убиваа со часови. Таа ги молеше, за на крај да ја убијат и покрај молбите да ја поштедат“, рече обвинителот.

Младите браќа се бранеле дека биле пијани и дека водката им го заматила умот.

Претседателот Лукашенко изјави дека се чувствува лошо секој пат кога ќе го потпише решението за извршување и досега има потпишано околу 250 од нив од 1994 година. Тој поштедил само еден осуден.

„Се чувствувам исплашено . Длабоко сум вознемирен затоа што знам дека некој ќе биде егзекутиран поради мене. Но, доживотниот затвор е уште полош бидејќи луѓето таму се во кафез како животни“, изјави претседателот на Белорусија.