Белграѓани излегоа на едночасовен протест против Александар Вучиќ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во Белград се одржа едночасовен протест против владата на шефот на државата, Александар Вучиќ. Протестот беше лоциран пред канцеларијата на претседателот на Србија во Белград, и истиот заврши без инциденти.

Протестот беше организиран како продолжение на акцијата „Бучава против диктатурата“, што претходно се одржаувал неколку дена од становите, балконите и терасите заради полицискиот час, од каде граѓаните покажаа незадоволство од потезите на владата за време на епидемијата на коронавирус.

Неколку стотици граѓани и некои партиски лидери од опозициската Алијанса за Србија се собраа пред канцеларијата на шефот на државната, а протестот започна со аплауз за благодарност до лекарите и здравствениот систем во борба против Ковид-19, за да продолжат со врева: свирки, трубење и извици. „ Уапси го Вучиќ “,„ Вучиќ ќе се лекува”.

Зградата на Претседателството ја обезбедуваа припадниците на специјалната воена единица „Кобра“, која е дел од безбедносниот систем на Претседателот, и група приватни обезбедувачи, а по еден час протестот заврши мирно и народот се разотиде.

Коментирајќи го протестниот митинг, Вучиќ рече вечерва на почетокот на гостувањето во емисијата „Ќирилица“ на комерцијалната телевизија Хепи, дека не бил загрижен за протестот и пораките на учесниците „затоа што не слушнал ниту една програма, туку само навреди“.

Тој е загрижен затоа што, рече тој, луѓето се собрале без оглед на советите на лекарите за избегнување на митинзи и социјални контакти.

„Секогаш со нетрпение ги очекувам овие демонстрации затоа што понекогаш може да се слушне нешто корисно, дека не сме сториле нешто добро.

Денес, 7 мај, во Србија, по укинувањето на вонредната состојба наметната на 15 март поради пандемијата на коронавирус, е првиот ден без полициски час и забрана за движење на луѓе над 65 години.