Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Белградскиот адвокат Урош Недељковиќ откри дека не сакал да заврши правник кој штотуку дипломирал на Правниот факултет.
А причината за оваа негова одлука ги зачуди многумина кои дознаа за овој случај – студентот, според Урош, бил претерано совршен, односно во индексот имал само најодлични оценки.
Додека некои веруваат дека одличниот успех во текот на студиите е најдобра препорака за секој кандидат на разговор за вработување, Недељковиќ не се согласува со тоа. Имено, во неговата канцеларија му стигнала пријава која би ги интересирала повеќето од работодавците од неговата професија, но не и него, па ја одбил без воопшто да размислува.
Освен што моментално не вработува никого, му пречело и тоа што станува збор за кандидат кој во текот на студиите во својот индекс имал само 10-ки, а факултетот го завршил за четири години и три месеци.
„За оваа професија не е важно само факултетското знаење, туку и животното искуство и талентот. А што изживеал и што правел додека студирал? Тоа е мојот став. Други можеби размислуваат поинаку“, изјави адвокатот.
Урош додаде дека има има многу свои пријатели и познаници кои во текот на студиите имале одлични оценки, но не постигнале голем професионален успех.