Белгиска уметница предизвика скандал позирајќи гола пред Ѕидот на плачот (18+)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Белгиската уметница и манекенка предизвика гнев и револт во Израел откако позираше гола пред Ѕидот на плачот.

Мариса Папен објави експлицитни разголени фотографии на Инстаграм поради кои се најде на удар на жестоки критики од јавноста, а посебно ги изнервира припадниците на еврејската заедница кои овој инцидент го нарекоа „сериозен и тажен“, пренесува ВВС.

Минатата година 26-годишната уметница заврши во египетските затвори откако гола позираше пред древниот Луксор. Таа на својот сајт својот животен стил го опишува како „гола слобода каде маските паѓаат и се фрлаат во океан“. Многу од нејзините објави се фотографии на кои таа позира гола на сите страни од светот.

Во објавата на својот блог под наслов „Ѕидот на срамот“, каде може да се видат контроверзните нецензурирани фотографии, Мариса напиша дека искуството од Египет „ја натерало на поместување на границите и политиката уште понатаму…покажувајќи ја својата лична религија во светот во кој слободата стана прилично луксузна работа“.

Еврејската верска заедница доста брзо ја осуди фотографијата. „Ова е непријатен настан, тежок и тажен, кој ја навредува светоста на местото и чувствата на оние кои го посетуваат“, изјави рабинот Шумел Рабинович за Yedioth Ahronoth.