Белгија во жалост: 17-годишен фудбалер почина од срцев удар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уште една трагедија го погоди фудбалскиот свет!

Жалната вест доаѓа од Белгија каде 17-годишниот фудбалер на Ројал Антверп, Жоел Лобанзо почина синоќа како последица од срцев удар.

Несреќниот тинејџер паднал за време на тренингот со јуниорскиот тим, па иако веднаш му била пружена лекарска помош, сепак лекарите не можеле да го спасат.

Неколку часа после срцевиот удар Лобансо починал во болница, а неговата смрт ја шокираше фудбалската јавност во Белгија.

Фудбалскиот клуб испрати сочуство до фамилијата и понуди помош.