Белата куќа објави сефте официјален портрет на Меланија Трамп


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Меланија Трамп избра стил од 80-тите години на минатиот век за прв официјален портрет – со црно сако и марама, скрстени раце и прстен со голем дијамант, соопштија „Франс прес“.

Сликата е направена во приватните простории на Белата куќа, пред еден од прозорците. Меланија гледа право во објективот со блага насмевка.

„За мене е чест да сум прва дама и немам трпение да работам во служба на Американците во наредните години“, изјави во соопштението Меланија.

Сликата беше распространета и во официјалниот профил на Twitter на Меланија Трамп „FLOTUS“. Првата дама ќе се посвети на борбата против сајбер малтретирањето. Таа се интересира и за проблемите на жените и децата, пишува во профилот нејзин на веб страницата на Белата куќа.
Мишел Обама исто така, доби критики за својот прв официјален портрет во 2009 година, бидејќи позираше во фустан без ракави во март и се смееше широко. Тоа според некои било многу неформално.