Белата куќа го спореди Асад со Хитлер, следуваше официјално извинување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер се извини за своите зборови и изјавата дека сирискиот претседател на Башар ал Асад е полош од Хитлер поради употребата на хемиско оружје. Споредбата предизвика остри реакции поради тоа што ги минимизираше злостроствата на нацизмот и гасните комори во Втората светска војна.

Признавам дека направив грешка со мојот несоодветен коментар. Ништо не може да се спореди со Холокаустот. Примете го моето извинување. Направив грешка, изјави Спајсер.

Вчера, за време на редовната прес конференција во Белата куќа Спајсер изјави дека во текот на Втората светска војна не било користени хемиско оружје:

Дури ни толку одвратна личност како Хитлер не падна толку ниско и не користеше хемиско оружје, изјави тој.

Еден новинар побара објаснување на изјавата неколку минути подоцна а Спајсер одговори дека Хитлер не користел сарин гас врз неговиот сопствен народ како што тоа го прави Асад:

Тој ги носел жртвите во центри во текот на Холокаустот. Овде зборувам за начинот на кој Асад користи хемиско оружје кога го фрла во градовите и врз невини луѓе, додаде Спајсер.

Реакциите стасаа веднаш. Спајсер беше обвинет дека ги заборавил Евреите и другите народи кои биле убивани во гасните комори. Еврејските здруженија и демократите рекоа дека ова се ревизионистички и антисемтиски зборови и тоа токму пред најголемиот празник Велигден.