Бела Хадид „со хулахопки до гуша“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Атрактивната манекенка Бела Хадид моментално е во Париз, каде се одржува париската Недела на машката мода.

Штом нејзина нога стапна на улиците од француската метропола, сите погледи беа вперени во неа. Иако Бела секојдневно привлекува внимание, било во живо, било на социјалните мрежи, нејзиното модно издание, овој пат, обезбедни дополнителен акцент на нејзиниот изглед.

Но, овој пат не од позитивни импресии. Овој пат поради зачуденоста од модниот избор кој го направи Хадид за појавување во јавност.

Иако таа знае да воодушеви со својот моден избор, овој пат ефектот беше спротивен. Под големото сиво сако кое го носеше, стегнато со црн колан, се гледа парче проѕирна „долчевита“ со кристалчиња, кое изгледа како да е поврзано со нејзините хулахопки.

Сето тоа, дополнително, го расипуваат спортските патики и чорапи во иста боја, а ефектот не успеаја да поправат ниту големите златни округли обетки кои, како и сè останато, воопшто не се вклопуваат во оваа „забегана“ комбинација.