
Наташа Беквалац поемотивна од кога било, на работ на солзи
Пејачката Наташа Беквалац не крие колку е врзана за своето семејство.
Своите ќерки ги сака најмногу на светот, но исто така и родителите, баба ѝ и секако сестра ѝ Кристина, која секогаш ѝ била потпора и поддршка.
Сестрите Беквалац се неразделни, а покрај тоа имаат и успешна соработка, со оглед на тоа што Кристина се занимава со моден дизајн. Воедно, таа е главната за изборот на гардероба за настапите, концертите и спотовите на Наташа.
– Кристина е и вечерва со мене, таму е, се скри, еден аплауз за неа. Мојата родена сестра и јас… Сите најубави и најтешки моменти што сум ги доживеала, сум ги доживеала со својата сестра… И така се враќам дома, никаква, на дното, никогаш полошо, и напишав „Јас сум добро“ – рече Наташа на настапот и откри дека токму таа песна ѝ ја посветила на својата родена сестра Кристина.
Сестрите често патуваат заедно и неретко си ги искажуваат емоциите една кон друга на социјалните мрежи.
Кога биле мали, биле несташни, како и повеќето деца.
– Беше ужасна кон мене. Ме малтретираше многу. Цела беше како момче, брза, снаодлива, а јас бев ужасно дебела и несмасна. И постојано ме влечеше, нон-стоп паѓав поради неа, се повредував – откри своевремено Кристина за своето детство покрај Наташа.