Бектеши му пиша на својот косовски колега Шаља – очекува повлекување на забраната за увоз


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првиот човек на македонската економија, министерот Крешник Бектеши, преку писмото кое му го пиша на својот косовски колега Ендрит Шаља, го извести дека очекува во текот на следните неколку работни дена Косово да ја повлече Одлуката за забрана за увоз на компир и мед од државава, воведена пред една недела како одговор на нашата забрана за увоз на икра и рибен подмладок од оваа соседна држава, а поради недостаток на мониторинг на нивната состојба, пренесува Фокус.

Во писмото, што го објави на неговиот Фејсбук профил, Бектеши укажува дека Северна Македонија, може да дозволи увоз на рибен подмладок и икра, доколку косовските власти ги дадат сите потребни гаранции и доколку работните групи потврдат дека се воведени програми за активен и пасивен надзор на водните култури и дека се спроведени како што треба.

– По забраната што Република Северна Македонија ја наметна на сите земји, вклучително и Република Косово, кои немаат мониторинг заради извоз на животни од аквакултура, како мерка предвидена од меѓународно воспоставените принципи за спречување ширење на болести на аквакултура, Агенцијата за ветеринарство и храна на Република Косово треба да обезбеди докази за нивно воспоставување. Воедно да спроведе соодветна програна за активен и пасивен надзор врз аквакултурата, како и дека тие вршат лабораториска анализа за бараните заболувања кај животните од аквакултура, наведува Бектеши во писмото, осврнувајќи се на состојбите и договорот по состанокот од пред три дена во Приштина.

На средбата во Приштина во вторникот Бектеши најави дека повторно ќе се овозможи увоз на икра и материјал за порибување од Косово тогаш кога ќе се достави целосната документација од Косово.

Според Бектеши, Косово ги прифатило аргументите на државава и кога ќе се утврди дека косовските институции работат согласно со програмата за мониторинг, забраните ќе бидат повлечени.

Официјалните податоци покажуваат дека извозот на мед во Косово во 2018 година е во вредност од 464.199 долари, додека во првите пет месеци од годинава е во вредност од 212.227 долари. Од земјава во Косово годишно се извезуваат од 40 до 1.000 тони компири.