Home Шоубизнис Бекстрит Бојс и Спајс Грлс – „два во еден“ (видео)

Бекстрит Бојс и Спајс Грлс – „два во еден“ (видео)

Генерациите кои растеа во ’90-те години од минатиот век имаа две поп групи кои фанатично ги слушаа – Бекстрит Бојс и Спајс Грлс.

Кога почна да се шушка за повторно обединување на Спајс Грлс, многу нивни фанови се израдуваа на таквата вест, но испадна дека наместо девојките, се обединија момците од Бекстрит Бојс и направија свој официјален BSB Cruise.

Освен што ги потсетија обожавателите на нивните најголеми хитови, момците одлучија да им дадат незаборавен подарок на сите љубители на музиката од деведесеттите години, правејќи своевиден „два во еден“ бенд.

Имено, на еден од нивните настапи, тие се преправија во ликовите од девојките од Спајс Грлс и го отпеаја нивниот голем хит Spice Up Your Life.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …