Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Беко, водечкиот бренд за апарати за домаќинство во Европа го објавува продолжувањето на спонзоството на ФК Барселона, кое ќе приложи бројни возбудливи заеднички иницијативи во текот на наредните три спортски сезони.
Објавено на заедничката прес-конференција во ФК Барселона на стадионот Camp Nou, овој нов договор го воспоставува Беко како главен партнер и официјално ја доделува титулата на официјален Тренинг Партнер на ФК Барселона додека ФК Барселона ги одбира како прв избор за апарати за домаќинство.
Беко е среќен за продолжувањето на соработка со ФК Барселона, еден од најдобрите светски фудбалски клубови. Беко, како и ФК Барселона има горда и долгогодишна историја за постојано тежнеење кон подобрување на стандардите и освојување на нови места. Не само ова, туку ние веруваме дека спортот има неверојатна моќ за зближување на луѓето преку споделување на вредности, тимски дух и предизвикот да се подобриме секој ден. Затоа ние сме горди да го имаме ФК Барселона на наша страна, додека се стремиме кон уште поголем глобален раст и успех во годините што следат.”
Беко ја поттикнува свеста за брендот преку глобалната фан-база на ФКБ која достигнува околу 300 милиони. Брендот исто така ужива да биде еден од првите 3 врвни спонзори во 13 држави водени од државите на Источна Европа кои имаат најголема свест за спонзорството. Уште од почетокот на сезоната 2014-2015, кога започна спонзорството, Беко водеше конзистентен раст во Шпанија и стана еден од првите три брендови на пазарот. Како водечки самостоен бренд за апарати за домаќинство, исто така ја зголеми свеста за брендот во Азија/Пацифик, Блискиот Исток и Африка и Источна Европа.
Коментирајќи на потпишувањето, Јозеф Марија Бартомеу, Претседателот на ФК Барселона додаде: “Навистина ми е чест што Беко и ФК Барселона можат да го продолжат ова веќе одлично и успешно партнерство. Ние сме почестени што Беко ќе стане нашиот прв официјален тренинг партнер кој ќе помогне за нашето секојдневие во нашите објекти за тренинг со нивниот асортиман на до-машни апарати. Заедничкото чувство за амбиција, почит и тимска работа се споделени од Beko, додека бараме начин за растење на нашите брендови кон следното ниво насекаде во светот и со нетрпение очекувам да соработуваме во наредните три години и да видиме кои големи ра-боти ќе ги постигнеме.”
“НЕ САМО СПОНЗОРСТВО ТУКУ И СОЦИЈАЛНА ГРИЖА”
И двата бренда имаат заеднички вредности, вкоренети во желбата да се направи промена во животот на луѓето на локално и глобално ниво. Оваа заедничка визија резултираше со глобална иницијатива од Беко “Јадете како херој” и денес Беко и ФК Барселона го прогласија Жерар Пике за глобален амбасадор на програмата.
“Jадете како херој” има за цел да помогне во глобалната епидемија на зголемена тежина кај децата со информирање на родителите и децата за важноста на здравата храна и исхрана преку приказ на тоа што нивните херои јадат за да постигнат најдобри резултати.
Амбасадорот на Беко и “Јадете како херој” ѕвездата на ФК Барселона Жерар Пике изјави: “Воодушевен сум да бидам амбасадор за ваква важна и иновативна кампања. Откако почнав да се натпреварувам од многу мала возраст, започнав да ја ценам важноста на здравата храна и сега како татко на две деца ја ценам уште повеќе од претходно. Глобалните статистики поврзани со зголемена тежина кај децата се шокантни и не покажуваат никакви знаци на подобрување, што ме прави горд да работам со Беко и мојот клуб за да помогнеме при справувањето со овој глобален проблем.”