Бекинсејл се изнервира: „Да, тој ми е син, 29 години го криев во подрум!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако се разведе од 46-годишниот холивудски режисер Лен Вајсман, со кого беа во брак 12 години, славната актерка Кејт Бекинсејл (45) на Инстаграм објави фотографија како се дружи со 16 години помладиот Стивен Симбари на кошаркарски натпревар во Лос Анџелес.

Но, коментарите кои ги доби сигурно не беа онакви на какви се надеваше и очекуваше, па Бекинсејл веднаш потоа се соочи со потсмев и зајадливи брецкања од обожавателите. На прашањето дали момчето е нејзин син, актерката очигледно се изнервирала, па распали со нервозен одговор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Beckinsale (@katebeckinsale) on

„Да тоа ми е син . Го криев 29 години во подрум , но мислам дека конечно дојде време да го покажам пред светот.” , напиша Кејт во одговорот.

Но, таа не дообјасни дека Стивен со кого се дружи е хомосексуалец.