Бекамови официјално станаа милијардери


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дејвид и Викторија Бекам официјално се придружија на светската елита од милијардери. The Mirror пренесува дека брендовите на Бекамови неодамна достигнале милијардерска заработка, со што славното семејство влегува во престижното милијардерско друштво.

Дејвид Бекам е сопственик на три компании – „Footwork Productions“, преку која ги инкасира приходите од фудбалската кариера, со промет од 208,3 милиони фунти, „Beckham Brand Holdings“, со промет од 260,8 милиони фунти годишно и „DB Ventures Ltd“ со 90 милиони фунти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) on

„Victoria Beckham Ltd“, фирмата задолжена за модниот бизнис на Викторија Бекам, ја збогатува бившата пејачка и актуелна модна дизајнерка и бизнисменка 100 милиони фунти годишно. Исто така, Викторија се уште заработува средства заради учеството во групата Spice Girls.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham) on

Дејвид има и неколку доста профитабилни зделки со брендови како Adidas, Pepsi, Samsung, H & M и други. Освен тоа, поранешниот фудбалер има свој бренд за виски.

Семејството Бекам поседуваат и редица имоти, вклучувајќи еден во вредност од 35,1 милиони фунти во западен Лондон.Тие изгледа го пренеле нивниот бизнис талент на нивните деца.

Истовремено, семејството Бекам се едни од британските жители кои плаќаат највисоки даноци во својата земја.