Бекамица во секси издание за шпански Vogue


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од новата насловна страна на шпанското издание на престижното модно списание Vogue се смешка бившата пејачка, а денес успешна дизајнерка.

Погодувате, станува збор за 43-годишната Викторија Бекам, која овие денови слави 10 години од постоењето на нејзиниот успешен моден бренд.

Сопругата на некогашниот фудбалер и планетарно славен фраер Дејвид Бекам, меѓу другото, овој јубилеј одлучи да го прослави и на насловна страна од шпански Vogue, на која на прв поглед изгледа како да е гола бидејќи носи боди со боја на кожа.

На една од фотографиите, успешната Британка носи заводлив, црвен фустан кој чини 2.250 фунти, но најмногу внимание привлече со чевлите од нејзината колекција со циркони, во стилот на славната Пепелашка, кои често ги носи и во приватно време.

Меѓутоа, облеката и модните парчиња останаа во сенка на нејзиниото слабо тело, кое повторно се најде на удар на критиките од јавноста. Сепак, Викторија како да не ја допираат овие критики, бидејќи истите не се ниту први, а уште поверојатно ни последни упатени на нејзина сметка.