Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендата на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам откри дека се случувала вистинска драма пред неговиот трансфер во Реал Мадрид во 2003 година.
После шест освоени титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампиони Бекам сватил дека неговата мисија на „Олд Трафорд“ е завршена и за 35 милиони евра во 2003 година се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.
Сега во разговор за „Би-Би-Си“ Бекам открива дека неговиот поранешен клуб имал постигнато договор со Барселона, но тој самиот го блокирал трансферот.
„Бев на одмор во САД кога ги слушнав гласините дека Јунајтед го договорил мојот трансфер во Барселона. Заминав во Лондон каде што се слушнав со Сер Алекс кој призна дека трансферот е целосно договорен“, открива Бекам.
Англичанецот тогаш го контактирал својот агент и му кажал дека доколку заминува од Манчестер Јунајтед тогаш ќе се пресели само во Реал Мадрид.
„Веќе следниот ден имав состанок со претседателот на Реал, Флорентино Перез и го договорив трансферот во Мадрид“, додаде Бекам.
Бекам напомена дека никогаш не сакал да го напушти „Олд Трафорд“, но после нарушените односи со Фергусон сватил дека мора да го промени клубот.