Бекам шест месеци без возачка поради разговарање на телефон додека вози


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогашната англиска фудбалска ѕвезда и денешна светска модна икона, Дејвид Бекам, заработи казна од шестмесечно одземање на возачката дозвола и забрана за управување на возило, бидејќи беше фатен како разговара на мобилен телефон додека вози.

Судот во јужен Лондон го казни Бекан со шест поени поради прекршувањето кое го направил во британската пристолнина минатата година, јави Си-Ен-Ен.

Со оглед на тоа дека веќе имал казнени поени поради брзо возење, му беше изречена шестмесечна забрана за управување со автомобил, а покрај тоа ќе треба да плати и казна од 750 фунти.