Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле кариерата ќе ја продолжи во Барселона пренесува “beIN Sports”.
Според истиот извор, двата клуба ги договориле сите детали за трансферот, кој ќе изнесува 120 милиони евра, а доколку бидат исполнети условите од клаузулите, сумата би можела да порасне за уште 30 милиони евра.
Ова значи дека трансферот на Дембеле ќе биде вториот најскап во историјата на фудбалот, по оној на Нејмар, кој пред две недели за 222 милиони евра од Барселона замина во ПСЖ.
Младиот Французин ќе биде замена за Нејмар, а подеднакво добро може да игра на двете крилни позиции.
Дембеле (20) пред две години за 15 милиони евра дојде во Дортмунд од Рен, за Борусија одигра 50 натпревари со ефект од 10 голови и 22 асистенции.