BEGE 2018: Промоција на импресивни и иновативни технологии кои ќе ја променат иднината на гејмерската индустрија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Годишниот саем на гејмерската индустрија за Источна и Централна Европа, BEGE 2018, оваа година ќе се одржи од 21 до 22 ноември, во Inter Expo Center во Софија.

Традиционално, BEGE 2018 ги донесува најновите и најдобри производи и иновации од светот на гејмерската индустрија, кои треба да ги задоволат посетителите и гејмерите кои се гладни за импресивни новитети како „слот шопови“, сали за играње, онлајн казино територии и слично.

Листата на изложувачи оваа година е зголемена со неколку нови имиња, меѓу кои се: Kajot, Lotto-RU, Princess Casino & Ramada Hotel, Star Okey, Zerobet, Betegy, Efes Club, Jeton Wallet, Zeta Gaming, Altenar, Pragmatic Solutions, Wojskowe Zaklady Lacznosci Nr. 1 S.А, како и некои други.

Саемот ќе биде промоција на најнапредните технологии од светот на казино игрите, софтвери, плаќачки опции, маркетинг иновации и многу други импресивни иновации и технологии кои ќе постават нови трендови и ќе ја променат иднината на гејмерската индустрија.

Поради зголемениот интерес и популарност на саемот, уште имате време да се придружите на авантурата наречена BEGE 2018 и да ја раскажете вашата приказна како изложувач. Резервирањето на штандови е уште отворено на веб страницата од настанот.

И оваа година, како досега, како прелиминарен настан кој ќе му претходи на BEGE 2018, ќе биде 11-тото издание на Eastern European Gaming Summit (Гејмерски самит на Источна Европа). Уште имате можност да добиете претсаемски попуст на влезниците. Конференцијата, која повторно ветува дводневно интензивно просветлување на теми од светот на гејмерската индустрија. Претсаемскиот попуст важи до 31 октомври. Пакет аранжманите кои вклучуваат сместување за 1, 3 и пет лица, исто така, се достапни на веб страната, каде можете да ја разгледате и програмската понуда на настанот.

Повеќе информации можете да најдете на сајтот: https://eegamingsummit.com/

За дополнителни, подетални информации, можете да се обратите кај Христина Петкова, PR & Marketing Coordinator

E-mail: [email protected] Phone: +359 2 812 9 482