Бегалецот Грујевски повторно осуден на една и пол година затвор во случајот „Тврдина 2“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Основниот скопски кривичен суд во отсуство му пресуди казна затвор во траење од една и пол на избеганиот поранешен началник во УБК, Горан Грујевски за случајот „Тврдина 2″.

Пресудата е изречена во повторена постапка, а е идентична како и првата пресуда која првостепениот суд му ја изрече, а Апелацискиот суд во Скопје ја врати на повторно судење. По Грујевски е распишана потерница.

Во случајот „Тврдина 2″, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујевски, а во првата постапка им се судење и на шестмина вработени во УБК за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување.

Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година. Предметот беше вратен само за поранешениот началник.

Првото рочиште за предметот се одржа на 28 ноември 2016 година, а Кривичниот суд во ноември 2017 година ја објави пресудата, но во мај минатата година Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата и предметот го врати на повторно судење затоа што не биле исполнети законските услови за судење во отсуство на Горан Грујевски.

Денес суд ја изрече повторно истата пресуда.