Бебињата ја чувствуваат негативната енергија и ги препознаваа негативните луѓе


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бебињата можат да ја препознаат негативната енергија кај возрасните и на неа реагираат на различни начини.

На нејзиното присуство одговараат со хистерично плачење, нервоза и „чешање“ по главата, покажува едно истражување.

„Ако бебето наеднаш го промени расположението и смеењето премине во плачење, а од мирна позиција почнува да се врти и да се фаќа за косичката, значи дека не му одговара присуството на лицето кое го држи, кое се обидува со него да си игра или кое само седи покрај него“, изјави Мајкл Дени, еден од водачите на истражувањето.

Ова може да биде многу непријатно за родителите кои тоа го гледаат, но, Дени советува дека нема потреба да им биде непријатно и заради некаква куртоазија кон другите да го пуштат своето бебе да плаче.

Најдобро е да го земат во прегратка и да се повлечат во друга просторија, за да го смират и да го успијат.

Дени напоменува дека е можно личноста на кое бебето лошо реагирало само во тој момент да „зрачела“ негативно, бидејќи била под стрес и оптоварена со проблеми, така што треба да и дадете втора шанса.