БЕБИЊАТА ОД СОЛСКЈЕР


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од вчера главна вест во спортските медиуми е епскиот триумф на Манчестер Јунајтед против Пари Сен Жермен со кој „ѓаволите“ обезбедија место во четвртфиналето.

И секако дека ќе биде. Манчестер Јунајтед се издигна како „феникс“ и се врати во моментите кога никој не очекуваше дека може тоа да го направат. Да, фантастичната форма во која играат од кога пристигна чудотворецот Оле Гунар Солскјер даваше надеж, меѓутоа после поразот од 0:2 и ситуацијата со остуството на голем број играчи ретко кој веруваше.

Манчестер Јунајтед за натпреварот против ПСЖ не можеше да смета на: Алексис Санчез, Андер Ерера, Ентони, Марсијал, Антонио Валенсија, Џеси Лингард, Хуан Мата, Матео Дармина, Немања Матиќ, Фил Џонс и Пол Погба. 

Ова се само дел од коментарите на нашата објава пред неколку дена за тоа дали Јунајтед може без овие играчи да се надева на пресврт. Вакво беше мислењето на поголемиот дел од спортската јавност, но Манчестер Јунајтед успеа!

Ваквото мислење кое преовладуваше кај фудбалските фанови е доволен доказ за тоа какво чудо вчера направи Манчестер Јунајтед.

И цел овој условно кажано успех (ако знаеме што се случуваше со Мурињо) се препишува на еден човек – ОЛЕ ГУНАР СОЛСКЈЕР!

Солскјер го врати духот на Манчестер, токму како што самиот кажа после вчерашниот натпревар.

„Оваа ноќ мораме да ја паметиме, фантастично, ова е духот на Манчестер Јунајтед…Момците беа фантастични. Имаме одличен однос. Само сакам да напредуваат и да имаат уште вакви ноќи“.

Да се потсетиме како се започна…

Започна фуриозна со „петарда“ против Кардиф која дојде откако Мурињо доживеа пораз во дербито со Ливерпул од 3:1. Се редеа победи против Бурнемоут, Њукасл, Рединг, дојде и првиот поголем испит Тотенхем (победа 1:0), па Брајтон, Арсенал…И тука после победата Арсенал следуваше реми со Барнли со кое Солскјер потврди дека во себе го носи духот на Ферги.

Барнли во 81-та минута стигна до водство од 0:2 и тука сите започнаа да го очекуваат првиот пораз на Солскјер и веројатно поголемиот дел си помислија: Ете толку беше 0:2 против Барнли…Не беше толку – Погба погодува за 1:2, а Линделоф во 92-та изедначува на 2:2. Тука стана јасно дека Солскјер носи нешто „фергусоновско“ во себе.

Манчестер Јунајте продолжи да победува, дојде првиот пораз кој веќе не му е важен на никого затоа што тој пораз против ПСЖ вчера беше поништен. Освен вчера против ПСЖ, Јунајтед во „Ферги тајм“ однесе победа и против Саутемптон (3:2) исто така со пресврт откако губеше во првиот дел со 0:1.

https://www.youtube.com/watch?v=pLuvCvgqYHk

Сега пред Солскјер се нови предизивци и четвртфиналето…И да биде елиминиран таму никој сигурно нема да му замери сите се сеќаваат во каква ситуација го превзема клубот и вакво нешто никој не очекуваше од Норвежанецот кој дојде на мала врата како привремено решение до крајот на сезоната.

ФЕРГИ ТАЈМ ЖИВЕЕ, ЖИВЕЕ И „ФЕРГУСОНОВСКИОТ“ МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД, СЕГА ПОД КОМАНДА НА СОЛСКЈЕР!

 

Пишува: Стефан Даскалов

Извор: Sportski.mk