Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Калифорнискиот суд ја отфрли тужбата против „Нирвана“, која ја поднесе Спенсер Елден, човекот што се појавува како голо бебе на корицата на нивниот албум Nevermind.
Елден, кој сега има 30 години, го тужеше бендот минатата година за наводна сексуална експлоатација, со тврдење дека уметничкото дело претставува сексуална злоупотреба на деца.
Тој тврди дека „неславната фотографија му предизвикала трајна емоционална вознемиреност и екстремна душевна болка“.
„Нирвана“ поднесе барање за отфрлање на тужбата со образложение дека аргументите на Елден немаат основа.
„Тврдењето на Елден дека фотографијата на корицата на албумот Nevermind е детска порнографија е несериозно“, изјавија адвокатите на бендот. Тие истакнаа дека, според теоријата на Елден, секој што поседува примерок од албумот ќе биде виновен за кривично дело детска порнографија.
Тие понатаму нагласуваат дека до неодамна Елден се чинеше дека не му пречи, туку, напротив, ужива во популарноста што токму тој е бебето од албумот на „Нирвана“.
„Тој многупати ја реконструирал фотографијата во замена за хонорар. Корицата на албумот му беше истетовирана на градите… се појави во ток-шоу облечен во самопародирачки комбинизон… има примероци од омотот на албумот со автограм што ги продава на ‘Ибеј’, а во повеќе наврати ја искористи врската со бендот за да придобие жени“, наведува адвокатскиот тим на „Нирвана“.