Бебето го успала со водка за да може таа да оди на журка – починало по неколку часа


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Русинката Надежда Јарич моментално е под полициска истрага затоа што на своето осуммесечно синче Закари му дала водка за да го заспие, за таа да може да оди на забава.

Надежда бебето го одвела во болница бидејќи мислела дека малото е нешто болно. Таму му биле направени сите потребни прегледи и било утврдено дека за здравјето од бебето најдобро е тоа да остане во болница. Надежда одбила да ги послуша лекарските совети и препораки, па си го одвела синчето дома.

Бебето го однесла вкупно четири пати на преглед во болница, но секој пат одбивала да го остави на болнички третман и лекување. Извори блиски на нејзиното семејство велат дека Надежда не сакала да го остави бебето во болница бидејќи не сакала и таа празниците да ги помине во болничка соба.

Надежда и Михаил Јарич

Најпосле одлучила да направи целосно луд и идиотски чекор, давајќи му на бебето водка со цел да го успие, за таа да може да оди на забава. Бебенцето починало после неколку часа, а полициската истрага за овој случај е уште во тек.

Освен неа, полицијата го уапсила и нејзиниот партнер, очув на бебето, Михаил Јарич, кој бил свесен за ситуацијата, но не се обидел да го спречи тој гнасен чин на Надежда.