Беа првите лезбијки на сцена: Еве како изгледаат и што прават денес девојките од t.A.T.u


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јулија Волкова и Лена Катина станаа главни женски хероини на MTV и добија огромно медиумско внимание кога во 2002 година се појавија како првиот лезбијски пар на шоубизнис сцената со хитот All The Things She Said. Како геј пар ја претставуваа и Русија на изборот за Евросонг, а на сцената дури и разменија бакнеж, но подоцна испадна дека сето тоа било само една добро смислена шоу претстава за јавноста и народот.

A post shared by Lena Katina (@lenakatina) on

Откако дуото се распадна, Лена Катина сепак покажа дека сака мажи, а не девојки. Се омажи за Србинот Саша Кузмановиќ со кого го има синот Александар.

Јулија Волкова денес има 32 години и две деца – ќерката Викторија и синот Самир, кои ги доби со бившиот сопруг Парвиз Јасинов. Денес изгледа позгодна од било кога.

Девојките признаа дека не се лезбијки во документарниот филм Anatomia t.A.T.u, а Јулија ја шокираше јавноста со изјавата дека тешко би поднела доколку синот Самир признае дека е геј.