Home Шоубизнис Беа на милиметар од бакнеж: Лејди Гага „се отвори“ за посебниот момент со Купер

Беа на милиметар од бакнеж: Лејди Гага „се отвори“ за посебниот момент со Купер

Оскаровската изведба на Лејди Гага и Бредли Купер на песната „Shallow” од саундтракот на филмот „A Star Is Born“ дефинитивно беше врвот на церемонијата за доделување на најпрестижните филмски награди на светот.

Голем број обожаватели и музички уживатели имаа еден куп пофални зборови за нивната меѓусебна хемија, а Лејди Гага на Твитер покажа дека уште размислува за настапот со актерот. Во коментари беше објавена и фотографија, на која раката на Купер е околу нејзината половина, а рацете им се испреплетени.

„Ништо не може да биде поспецијално од споделување на овој момент на Оскарите со вистински пријател и уметнички гениј” , напиша актерката и пејачка , која за улогата на филмот „A Star Is Born” , беше номинирана како најдобра актерка, а доби Оскар за најдобра оригинална песна.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …