BBC репортажа за Охридско езеро: Одлично видео за нашиот езерски бисер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Античката историја скриена во најстарото езеро во Европа“ е насловот на видео репортажата што ја објави Би-Би-Си вчера на својата веб-страница во рамки на т.н. Травел шоу.

„Ова е најстарото езеро во Европа. И средината околу него е стара, исто така. Дури и Охрид бил град уште во времето на таткото на Александар Македонски, Филип, во четвриот век пред Христа“, вели авторката на почетокот од репортажата.

Токму историјата, нагласува, е причината поради која туристите сакаат да доѓаат во Охрид.

Освен убавините на Езерото, репортажата ја прикажува и можноста да се нурка и да се видат подводните историски остатоци, а завршува со посетата на праисториската наколна населба, уште наречена Музеј на вода или Заливот на коските.

Гледајќи „со голо око“, заклучува, шармот на Охридското Езеро лежи во примамливиот пејсаж над водата, но неговата вистинска убавина лежи под површината.

Видеото од репортажата интегрално можете да го погледнете ТУКА.