Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Тажно издание на Арсенал. Баерн е четвртфиналист во Лигата на шампионите, а навивачите на Топџиите доживеаја уште едена траорна вечер во Европа. Баварците и на гости ги совладаа Арсенал со 1:5, во реваншот од осминафиналниот дуел кој го играа овие две екипи. Ако се обвистинат сè погласните предвидувања, многу веројатно ова беше и последниот натпревар на Арсен Венгер на клупата од Арсенал во европските натпреварувања.
Она што е веројатно и најлошо за навивачите на Топџите, е фактот дека повеќето од нив не се ни надеваа на нешто сериозно после понижувачкиот пораз во првиот меч во Минхен со 5:1. А Баерн, како Баерн, онаков каков што си го знаеме.
Уште еднаш покажа дека станува збор за вистинска фудбалска машина која ги меле противниците, а кога на тоа ќе се додаде и Карло Анчелоти, кој дополнително ја засилува машинеријата, во свој италијански стил, не е ни чудно што Баварците повторно стигнаа до победа и во одлично расположение го дочекуваат жребот за четвртфиналните дуели од елитното континентално натпреварување.
Приказната почна убаво за Арсенал, со голот на Тео Волкот во 20-та минута и малата надеж дека Арсенал ќе пружи чесен и достоен отпор во дуелот.
Германскиот шампион до триумф дојде после пресвртот за кој му беа доволни само 13 минути. Првин Роберт Левандовски се избори за пенал, а нервозниот Кошчелни доста брзо доби два жолти картони и мораше да оди надвор од теренот. Полјакот во 55-та минута беше сигурен од белата точка и така ја најави новата агонија за домашните играчи и навивачи.
После исклучувањето на Кошчелни, за гостите задачата беше уште полесна, просто си поигруваа со тажниот Арсенал. Во 68-ма минута Робен донесе целосен пресврт за Баерн и навести уште еден убедлив пораз на Топџиите.
А тоа беше јасно во 78-ма минута, после сјајниот соло продор на Даглас Коста и атрактивниот удар од работ на казнениот простор за зголемување на предноста на 3:1, па од тој момент сите фудбалери на Арсенал некако престанаа да се борат и да пружаат отпор.
Во финишот се разигра и Артуро Видал. Чилеанецот во 80-та минута ја искористи асистенцијата на Чаби Алонсо, а пет минути подоцна и додавањето на Коста, за во стилот на „платен убиец“ од холивудските филмови, да ја докрајчи жртвата.
Баварците со оваа победа уште еднаш ја истакнаа, или можеби подобро е да се рече ја потврдија, најсериозната кандидатура за освојување на пехарот од Лигата на шампионите за оваа сезона.