Бате Геле припадна пред Кривичен кога ја слушна пресудата за Груевски (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Бате Геле се онесвести пред Кривичниот суд кога слушна за казната на Никола Груевски која му ја изрече судијката Добрила Кацарска.

Околу демонстрантот на кој му се слоши, се собраа луѓе и повикаа Брза Помош. Пред да изгуби свест “Бате Геле“ како што го викаат познаниците, беше во акција заедно со други повозрасни лица.

Нему и на другите луѓе кои беа дојдени да ја слушнат одблизу пресудата за поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, им попречи полицијата. Некои од нив дојдоа облечени во маици со сликата на Груевски.