Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Истражувањето објавено во стручното списание Evolutionary Psychology ги расчистува некои од вечните дилеми кога е во прашање машко-женската привлечност.
Првиот дел од испитувањето е направен врз 50 млади лица кои требало да набљудуваат профили (фотографии и кратки видео снимки) од 100 непознати личности и врз основа на тоа да одлучат кои личности им се најпривлечни. Резултатите дадода доста јасни одговори – лицата кои најмногу се смееле и биле духовити го привлекле најголемото внимание.
Вториот дел од истражувањето вклучувал 200 мажи и жени, слободни личности на возраст од 20 до 30 години. Секоја од испитаничките требало да помине по 10 минути со секој од мажите од тестирањето, и после тоа да одлучи кој од нив е најсимпатичен и кои негови карактеристики биле најсимпатични за неа.
Иако одговорите се доста различни, експертите заклучуваат дека мажите кои се обидувале да бидат духовити добиле најпозитивни критики од жените.
Иако во оваа улога факторот физичка привлечност и тоа како игра улога, заклучокот од истражувањето всушност е доста едноставен – кога мажот се обидува да биде духовит, а жената на неговите обиди реагира со искрена насмевка, голема е веројатноста дека таа ќе сака подобро да го запознае. Ако, пак, и двајцата пријатно се смеат, голема е веројатноста дека односот ќе се развие во нешто повеќе.