Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Живееме во доба кога стресот не е исклучок, туку правило кое секојдневно го прави тензично и турбулентно нашето динамично секојдневие.
Стресот е со нас секојдневно во нашиот живот, па многу луѓе често, во очај, посегнуваат по антидепресиви и други видови на медикаменти за смирување, иако треба да бидат свесни дека тие не се наивни состојки кои лесно и на своја рака треба да ги вметнеме во нашето секојдневие.
Наместо нив, подобро и препорачливо е кога сте под стрес и нервозен период да си направите чај за зајакнување на нервниот систем.
Едно лажиче ситнети ливчиња од цветот невен прелијте го со чаша и пол вода која е зовриена и по 40 минути процедете.
Испијте една чаша три пати на ден. Третманот трае три недели, не подолго.