Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот британски актер и холивудска ѕвезда, Шон Конери, кој е дел и од актерската елита која го играла тајниот агент Џејмс Бонд 007, со едно повторување на свој личен став предизвика револт и негодување кај интернет популацијата.
Конери повторно го предизвика гневот и бесот на јавноста кога го повтори својот став дека на жените треба да им се удри шлаканица и на тој начин го поддржа насилството.
Имено, Шон Конери во деведесеттите години ја шокираше јавноста пред камерите, кога порача дека “на жените треба да им се удри шлаканица, доколку шлаканицата е заслужена“.
Неодамна, во разговор со новинарка, повторно ја отворил таа тема.
„Во претходно интерју ја застапувавте тезата дека не е најлоша работа на светот доколку и удрите шлаканица на жена? И рековте дека треба да ги удирате со тупаница, а не со отворена дланка?“ – го прашала новинарката, а тој повторно ги запрепасти сите:
„Да. Не го сменив мислењето. Воопшто“ – изјавил Шон.
Јавноста остро ги осуди неговите ставови.
Социјалните мрежи беа преплавени со коментари од луѓето кои мислат дека е срамно да се поддржува било какво насилство. Актерот исто така го оправдал таквиот начин на однесување и навел ситуација во која жените го заслужуваат тоа.
„Мислите дека е добро да им удирате шлаканици на жените?“
„Не, не мислам дека е добро тоа“ – бил краток тој.
„Но, не мислите дека тоа е лошо?“
„Не, не мислам дека е лошо. Мислам дека зависи од околностите и од тоа дали е заслужено“.
„Заслужено? А што е тоа заслужено?“
„Па, ако сте се обиделе со се друго, а жените се многу добри во тоа. Не можат да престанат. Ако им го дадете последниот збор и тие го имаат последниот збор, но продолжуваат… Сакаат тоа да го кажат повторно и повторно и потоа настанува провокативна ситуација. Потоа… Мислам апсолутно заслужено“ – се правдал Шон и ги оставил сите во шок.