Бартон „удри“ по Нејмар: Тој е како Ким Кардашијан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Контроверзниот англиски фудбалер Џои Бартон е познат по тоа што нема влакна на јазикот, па сега „распали“ по најскапиот фудбалер на светот, Нејмар.

Англискиот фудбалер очигледно не го почитува Нејмар, па го спореди со американската старлета Ким Кардашијан.

„Ако го гледате Нејмар, мој став е дека тој е Ким Кардашијан во светот на фудбалот. Тој не е најдобар фудбалер во светот, сите го видовме тоа повторно во Русија. Не е на нивото на Роналдо и на Меси, а пред него има и многу други фудбалери“, изјави Бартон.

„Нејмар не е фудбалски феномен, туку маркетиншки феномен, како Кардашијан. Немам никаква почит за него како играч, не го ни споменуваме името Нејмар во нашиот дом, мојот син кога игра на компјутер настапува со најдобрите играчи, Меси, Роналдо, Салах, но дефинитивно не со Нејмар“, додаде контроверзниот Англичанец.