Бартомеу: Убеден сум дека Меси останува во Барса!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Претседателот на Барселона, Јосеп Марија Бартомеу е сигурен дека Меси ќе остане на „Камп Ноу“ и кариерата ќе ја заврпи во Барселона.

Во последните неколку дена се појавија шпекулации дека Меси одбил да го продолжи договорот со Барселона и дека сака да ја промени средината.

Денес претседателот на каталонскиот клуб Бартомеу, за време на потпишувањето на новиот спонзорски договор ги убеди фановите дека Меси сигурно ќе остане на „Камп Ноу“.

„Убеден сум дека Меси ќе ја заврши кариерата во Барселона. Тој е играч кој ни донесе многу успеси во сите овие години“, изјави Бартомеу.

Од раководството на клубот се надеваат дека наскоро ќе најдат заедничкуи јазик и Меси ќе го продолжи договорот со каталонскиот гигант.