Бартомеу конечно проговори за „случајот Нејмар“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Претседателот на фудбалскиот клуб Барселона, Џозеп Марија Бартомеу проговори околу ситуацијата на Нејмар и истакна дека фудбалерот не е на продажба.

„Тој не е на пазарот“, изјави Бартомеу, но медиумите инсистираат дека ПСЖ е спремен да ја активира откупната клаузула која изнесува 222 милиони евра.

„Неговиот договор истекува за четири години и секако дека сериозно сметаме на неговите услуги. Тој е дел од нашиот тим“, рекол Бартомеу.

Инаку, откупната клаузула во договорот на Нејмар расте од година во година. Во првата година таа изнесуваше 200 милиони евра, во втората 220, а наредната година ќе изнесува 250 милиони евра.

Бартомеу смета дека овие клаузули е невозможно да бидат активирани доколу се почитуваат правилата на финансискиот фер-плеј.