Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Шпанскиот медиум „Ел Чирингито“ лансираше „бомба“ и објави дека Барселона е заинтересирана за македонскиот голман Столе Димитроевски.
Димитриевски со одличните настапи во Рајо Валекано се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Примера оваа сезона, па Барселона покажа интерес за него.
Barça want to sign Stole Dimitrievski from Rayo Vallecano. He is currently in Barcelona.
— @10JoseAlvarez pic.twitter.com/bxtWxgUveJ
— Barça Universal (@BarcaUniversal) December 24, 2021
Барселона сака да се ослободи од Нето, а како негова замена да го донесе Столе Димитриевски.
Прва опција на голот останува Тер Штеген, но Чави не е задоволен од неговата форма, па доколку се реализира трансферот на Димитриевски, тој ќе му биде сериозна конкуренција.
Димитриевски сезонава е голман со највисок процент на одбранети удари во Ла Лига и тоа со дури 80,6%. За разлика од Македонецот, Тер Штеген има само 56,8% одбранети удари.