Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Синоќешниот меч помеѓу Андора и Грузија го следеа скаути на многу европски гиганти, а причина за тоа е „грузскиот Меси“.
Станува збор за фудбалерот на Гент, Георги Чакветадзе, кој синоќа повторно блесна во репрезентативниот дрес и постигна гол.
Чакветадзе има 19 години и игра на позиција офанзивен играч за врска, а во Гент стигна минатата година од Динамо Тбилиси и остави одличен впечаток.
За репрезентацијата на Грузија има шест меча на кои постигна четири гола, а Барселона го следи веќе подолго време.
Талентираниот фудбалер оваа сезона одигра 14 натпревари за Гент на кои постигна четири гола и запиша две асистенции.
Шпанските медиуми тврдат дека Барселона веќе одлучила да тргне по неговиот потпис и спремила понуда за Грузиецот.
Giorgi Chakvetadze goal vs Andorra pic.twitter.com/Lk4SvLrEwH
— Dito Tchitchinadze (@DitoTch) November 15, 2018