Барселона спреми „пеколен“ план за јануари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Барселона спреми амбициозен план за зимскиот преоден рок, а веќе е позната е најголемата трансфер желба на тренерот Валверде.

Шпанските медиуми пренесуваат дека каталонскиот гигнат сака да го донесе одличниот напаѓач на Лајпциг Тимо Вернер, кого го сака „половина Европа“. Скаутите на Барса го следат напаѓачот веќе подолго време и многу се задоволени од неговите изданија.

Валверде му порачал на раководството дека сака да го види младиот напаѓач во својот тим, по можност уште во јануари. Тоа би можело да значи дека Барса сака на време да најде замена за Луис Суарез кој оваа сезона се мачи со формата и повредите.

Вернер е вистински хит во моментов и на 37 меча за својот тим постигна 26 гола, а за германската репрезентација на осум настапи дури 6 пати се запиша во листата на стрелци, па сите му предвидуваат блескава кариера.

Притоа, Барса покажува сериозен интерес и за уште еден Германец, а тоа е Леон Горецка од Шалке кого ќе се обиде да го донесе во зимскиот преоден рок.