Барселона се распрашува за „егзекуторот“ на Германија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Раководството на Барселона стапило во контакт со агентите на фудбалерот на ПСВ, Ирвинг Лозано, пренесуваат каталонските медиуми.

Крилниот напаѓач на Мексико е едно од најпријатните изненадувања на Мундијалот до овој момент, откако го постигна победничкиот гол против Германија во првиот меч.

„Да, имавме разговори, но засега ништо не е договорено. Мислам дека кога ќе заврши Мундијалот ќе разбереме дали ќе остане во ПСВ или ќе премине во друг тим“, изјави таткото на Лозано.

Минатата сезона 22-годишшниот фудбалер одигра клучна улога во освојување на шампионската титула на ПСВ во Холандија и постигна 17 гола на 29 натпревари.