Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во последно време се погласни се шпекулациите за спектакуларно враќање на Нејмар на „Камп Ноу“, а сега медиумите откриваат нови детали.
Имено, раководството на Барселона е спремно да продаде тројца свои фудбалери се со цел да го врати Нејмар во своите редови.
Доброинформираниот медиум „Дон Балон“ тврди дека Барселона ќе мора да ги продаде Суарез, Дембеле и Артуро Видал со цел да го овозможи враќањето на Бразилецот на „Камп Ноу“.
Нејмар не е среќен на „Паркот на принцовите“ и наводно постигнал договор со раководството на ПСЖ на крајот на сезоната да му биде дозволено да замине ако некој клуб понуди 220 милиони евра.
Барселона е спремна да ја плати таа сума, а за таа цел да се откаже од три свои ѕвезди. Суарез и Видал се на залезот на кариерата и ова е последна шанса да се заработи на нивната продажба.
Од друга страна Дембеле се покажа како проблематичен надвор од теренот, а неговата цена се уште е околу 100 милиони евра.
Поради тоа продажбата на овие фудбалери и враќањето на Нејмар изгледа како разумна идеја на Каталонците.